Vimeo видео конвертор

 

 

Бидејќи Vimeo станува сè попозната платформа за споделување видеа, сакавме да им помогнеме на корисниците и да создадеме бесплатен Vimeo видео конвертор. Ако обожавате висококвалитетни видеа, сигурно досега сте слушнале за оваа платформа. Видеата поставени на оваа веб-страна се HD и неверојатни за гледање, бидејќи се карактеризираат со прекрасни, оригинални материјали. Videoconvert.com Ви дозволува да го пренесете доживувањево на следното ниво.

6 лесни чекори да го користите нашиот Vimeo видео конвертор

1. Изберете супер Vimeo видео

2. Копирајте го URL на видеото од лентата за адреса

3. Одете на Videoconvert.com и залепете го во полето за пребарување

4. Изберете го форматот во кој треба да конвертирате

5. Притиснете го копчето Конвертирај сега

6. Честитки! Уживајте во конвертираните датотеки

Причини да го користите овој Vimeo симнувач

• VideoConvert.com обезбедува и аудио и видео датотеки

• Нашата алатка е достапна онлајн и е бесплатна

• Нема потреба да го симнувате конверторов за да го користите

• Не бара никаква инсталација на софтвер

• Ви овозможува да ги симнете новите датотеки на секој уред

Конвертирањето е неверојатно брзо и лесно.

Може да ја користите VideoConvert.com за да симнете видео од Vimeo во mp4, на пример, само за неколку секунди. Плус, сите познати формати достапни на VideoConvert.com се уредно распоредени во аудио и видео опции за лесен пристап, овозможувајќи Ви да одлучите побрзо. Сè на сè, употребата на оваа алатка ќе Ве запознае со поефикасен и поорганизиран начин на справување со конвертирани датотеки. Пробајте ја и уверете се.

Нашиот Vimeo симнувач импресионира со квалитет

Сите знаеме дека Vimeo е неверојатна платформа што ја поттикнува креативноста и овозможува луѓето да си го споделуваат потенцијалот со светот. Секој може да создава, објавува и споделува висококвалитетни видеа овде. Создавачите на VideoConvert.com ја споделуваат истата визија и се инспирираа од оваа забавна веб-страна да создадат бесплатна јасна алатка која е супер едноставна за користење и го прави конвертирањето на Vimeo премногу лесно. Изгледа на алатка што овозможува опција да конвертира видеа од Vimeo во mp3 ѝ било судено да биде следниот природен чекор во еволуцијата на платформата. Кога расте популарноста на страната, алатките создадени за неа неизбежно ќе станат поразновидни и интегрирани. Од таа причина, создаден е овој Vimeo симнувач и засилен е до оптимална ефикасност за погодноста на корисниците.

Дополнителни функции на Vimeo симнувачот

Покрај тоа, VideoConvert.com има паметна функција за кратење да се користи во случај да сакате да добиете помал дел од видеото што планирате да го конвертирате. Да речеме Ви треба само еден исечок од одреден клип. VideoConvert.com Ви овозможува да исечете фрагмент од датотека и да го симнете само делот за кој сте заинтересирани. Функцијата за кратење ќе ја најдете под полето за пребарување, во менито за напредни опции. Само вметнете го временскиот печат каде што сакате видеото да почнува и завршува пред да го притиснете копчето Конвертирај сега. Опцијава е одлична за постигнување на саканите резултати побрзо и поефикасно. Бидејќи ги поддржува најпознатите видео и аудио формати, овој онлајн Vimeo видео конвертор е флексибилен и забавен за користење.

Vimeo симнувач со HD резултати

Може да го користите нашиот Vimeo видео конвертор да Ви ја заврши сета работа без да го инсталирате на компјутерот. Едноставно искористете ги придобивките од ова брзо, забавно доживување! Сега може да уживате во висококвалитетни резултати на Вашиот уред кога и да е, каде и да е, без зависност од интернет врска.