Често поставувани прашања

Колку чини користењето на Videoconvert.com?

Videoconvert.com е бесплатна онлајн алатка. За овој видео конвертор не треба симнување или инсталација за било кој корисник да има целосен пристап до сите негови функции.

Како да конвертирам видео датотека на Videoconvert.com?

Може да конвертирате видео датотека во 5 едноставни чекори:

1. Отворете видео во Вашиот прелистувач
2. Залепете го линкот од видеото во полето за пребарување
3. Изберете го видео/аудио форматот што Ви треба
4. Притиснете го копчето Конвертирај сега
5. Честитки! Датотеката Ви е готова

Дали може да се симне конвертираната аудио/видео датотека од Videoconvert.com?

По процесот на конверзија, притиснете го копчето Симни на истата страница и онлајн видео конверторот веднаш ќе Ви ја симне датотеката на уредот.

Дали Videoconvert.com нуди дополнителни функции, покрај конвертирање и симнување видеа?

Може да користите Напредни опции на нашиот онлајн видео конвертор за да го изберете почетокот и крајот на завршната видео или аудио датотека и само да симнете сегмент од неа на Вашиот уред.

Каде да го најдам URL на видеото што сакам да го симнам?

Отидете на YouTube.com или Vimeo.com и отворете го видеото што го сакате. URL обично се наоѓа на горниот дел од прозорецот на прелистувачот, во лентата за адреса.

Што е видео/аудио формат?

Видео формат е начин на кој компјутерите ги чуваат сите информации во Вашата видео или аудио датотека компресирајќи ја на разни начини и правејќи ја компатибилна со разни уреди или програми.

Зошто има толку многу формати?

Може да се користат различни формати и наставки на датотеки за да се создадат филмови што може да се симнат, да се складира аудио и визуелни онлајн преноси, да се пренесуваат видеа на ниски протоци, да се намали големината на датотеките и многу повеќе.

Зошто треба да конвертирам видео датотека и кој формат да го одберам?

Некои видео формати се најдобри кога работат со софтвер за уредување и сите формати не се компатибилни со секој уред. Кога избирате формат за Вашето видео, треба да размислите која Ви е крајната цел. Што сакате да правите со видеото? Одговорите може да се: да ја уредите датотеката, да ја поставите на веб-страна, да ја споделите на онлајн видео платформа, да ја гледате на ТВ или компјутерски екран, итн.

Во кои аудио формати може да конвертирам на Videoconvert.com?

Аудио форматите понудени од Videoconvert.com се: mp3, aac, m4a и wav.

Во кои видео формати може да конвертирам на Videoconvert.com?

Досапните видео формати во кои може да конвертирате се: mp4, flv, ogg, webm, mkv и avi.

Од кои веб-страни може да симнувам видеа?

За сега, може да конвертирате датотеки од Youtube и Vimeo, но бидејќи постојано работиме да ги подобриме нашите услуги, кој знае што може иднината да донесе? Останете во тек за да дознаете.

Дали може да конвертирам и да симнувам видеа од било која веб-страна?

За сега, единствените веб-страни од кои можете да конвертирате и симнувате видео и аудио датотеки на Videoconvert.com се познатите платформи YouTube и Vimeo.